Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ во недела официјално запливаа во брачните води, а медиумите не престануваат да известуваат за свадбата на деценијата.
Меѓу гостите беа и голем број на јавни личности, а меѓу нив Аца Лукас, Јована и Жељко Јоксимовиќ, Александра Младеновиќ, Жељко Митрови и многу други.
Добро е познато дека победничката на „Задруга“, Луна Ѓогани некогаш беше добра пријателка со Анастасија и нејзиниот брат Вељко, дури неколку пати досега имат изјавено дека домот на Ражнатовиќ на Луна и бил како втор дом.
Меѓутоа, Ѓогани – Ражнатовиќ не се во најдобри односи, па така младата пејчака не беше поканета на свадба.
Како што вели, и да ја поканиле таа немала да се појави на свадбата на братот од својата некогашна најдобра пријателка.
„Прво….никогаш не би добила покана,,,второ, не би одела на свадбата затоа што ми е безврска. Секако, им посакувам многу среќа, многу деца“ изјави Луна.