Петата сезона на реалното шоу „Задруга“ ќе започне во септември, а веќе се шпекулира кои ќе бидат учесници.
Како што пишува курир.рс, сопственикот на Пинк, Жељко Митровиќ сака последната сезона да биде најспектакуларна и во неа да учествуваат некои од досегашните учесници.
Еден од потенцијалните учесници во петтото продолжение се Кија Коцкар и Слоба Радановиќ.
Со нив веќе траат преговорите за влегување на имотот во Шимановци, а наводно нивното влегување ќе чини 100 000 евра.
Најверојатно, Слоба нема да може веднаш одма да влезе бидејќи има концерти до крајот на ноември.
Големо изненадување за јавноста ќе биде ако во реалното шоу влезе и бившата на Слоба Радановиќ, Луна Ѓогани. Како што се зборува, Луна во реалното шоу би влегла со ќерката Миа која ја доби од бракот со Марко Миљковиќ.
Освен нив, како потенцијални учесници се наведуваат Анабела Атијас и Гаги Ѓогани.
Како што се пишува, во „Задруга 5“, ќе влезат и Миљана Кулиќ со наследникот Жељко, но наводно и Надежда Биљиќ со свршеникот Никола Томиќ.
Инаку, сигурен учесник во реалното шоу кој веќе и потпишал договор со продукцијата е Мики Ѓуришиќ.
фото: рас србија/душан миленковиќ/