Пејачката Драгана Мирковиќ заедно со своето семејство замина на одмор во Дубаи каде што ужива како во друштвото на саканите, така и во целиот луксуз.
Таа на социјалните мрежи се пофали со ентериерот на авионот со кој патуваше до Дубаи, па ги воодушеви нејзините следбеници.
За време на одморот во Дубаи, децата на пејачката и приредија изненадување кое посебно ја израдува.
Имено, како што објави на својот Инстаграм таа добила подарок вчера од нејзините деца.
„Кога Марко и Мануела не водат на вечера на 50 метри над земјата“ напиша Мирковиќ.
Пејачката не криеше дека е воодушевена и дека ужива во убавите моменти со семејството, но и во лускузното патување.