Наташа Беквалац деновите во изолација ги поминува на својот имот во Ченеј, недалеку од Нови Сад.
Русокосата пејачка своето слободно време го поминува со ќерките Катја и Хана, а екипата на „Папрацо лов“ ја снимиле Наташа како се игра со помалата ќерка во дворот на луксузната вила.
Папараците ја снимиле згодната пејачка во едно опуштено издание во кое ретко може да ја видиме пред ТВ екраните. Имено, Ната била облечена во црна мајца и тренерки.
Вилата на пејачката поседува огромен двор со зеленило, па на Беквалац сигурно не и е досадно и ужива.
Иако имаше неколку проблеми во текот на изградбата и добивање на дозвола, Беквалац успеа тоа да го среди и во времето на пандемија максимално ужива на својот имот.
Како што се шпекулира, за изградба на куќата Наташа вложила неколку илјади евра, а во истата има – луксузна кујна, огромна дневна соба, две бањи, повеќе спални соби, две тераси и неколку помошни објкети.