Фудбалерот на Реал – Мадрид, Лука Јовиќ по втор пат ќе стане татко. Имено, неговата девојка, манекенката Софија Милошевиќ преку на Инстаграм објави дека е бремена.
Тие двајца, веќе долго време се заедно, а нивната романса започна во Мадрид, каде што Јовиќ игра за шпанскиот фудбалски гигант.
Убавата манекенка на Инстаграм сподели фотографија заедно со Јовиќ па напиша во описот:
„Би сакале да споделиме убава вест, ќе имаме бебе! Толку сум благодарна што Лука може да биде со мене за време на овој период. Не можам да замислам да бидам без него во ова тешко време за целиот свет“ – напишала Софија на својот Инстаграм профил.
Но пред да добие принова, Јовиќ веќе доби кривична пријава заради бекството од карантин.
Имено, лекарскиот тим на реал му дозволил да се врати во белград, но под услов строго да се придржува кон правилата и препораките и никако да не го напупшта карантинот, односно неговиот стан. Но, Лука ова го прекрши, па откако еднаш, па втор пат беше фатен од полцијата како се шета низ Белград, најпрвин доби опомена, па прекршочна и на крај, кривична пријава. Во истовреме, фудбалерот е изолиран во 28-дневен карантин, кој мора строго да го почитува, а потоа ќе мора да се појави пред јавен обвинител.
Во Мадрид исто така се бесни на неговото „неодговорно однесување“, па шпанските медиуми, меѓу кои и јннајвлијателниот спортски весник „Марка“, шпекулираат дека Јовиќ во Реал го чека тешка казна, а најверојатно со овој потез веќе и си ја потпишал исписницата од кралскиот клуб!