Американската актерка Џенифер Кулиџ (59) остана запаметена по улогата мајка на Стифлер, во филмот „Американска пита“од каде стана позната со улогата на „милф“. Сега таа гостувашево емисијата „Kelly Clarkson Show“ и призна шокантни детали од нејзиниот живот, пренесува „Мондо.рс“.
Имено, таа откри дека како помлада била во врска со двајца момци истовремено, поради што морала да смисли убедлива приказна.
Актерката во оваа емисија раскажа дека момците ги запознала на Хаваи, но дека не можела да се одлучи за еден, па тогаш измислила дека има еднојајчана близначка, за да може да излегува со двајцата.
View this post on Instagram
„Не сум сигурна дали би го направила тоа сега, но тогаш тоа беше прекрасна одлука“, рекла актерката, која излегувала две недели со двајцата мажи истовремено.
„Може да ти се „прогледа низ прсти“ кога си помлад“, се пошегувала таа.
Освен улогата на мајката на Стифлер, гледачите ја познаваат Џенифер и по улогата на Софи Качински во серијата „Девојки без пари“. Таа се појави и во комедијата „Русокоса од Харвард“.
Сепак, улогата по која сите ја препознаваат во „Американска пита“ не беше дадена случајно. Актерката веќе се прослави како првокласен комичар, а повеќето холивудски хитови не можеа да поминат без нејзино учество.