Македонската манекенка и топ модел Викторија Луческа со нов пост и ова фотографија на социјалните мрежи. Легната во бела постела, па распослана згодната Викторија повикува: „Дојди, со мене дојди…“
Дали преку стиховите од последниот хит на Викторија Лоба, праќа нова провокација или сакаше некому лично да му испрати нова порака… знае само таа! И веројатно знае тој на кого му е упатен повикот, ако е воопшто тоа во прашање.
Ама како и да е, едно е сигурно: Како изгледа згодната прилепчанка, нема кој не би дошол. Та биле тој или „таа“! Како и да е… Оној што ќе дојде, тешко дека ќе сака брзо да си појде… дома! А и кога ќе си замине, веројатно бргу ќе се врати!
Две Виктории – една желба: „Дојди“ ! Лоба ја пее, а на Луческа тешко кој ќе и одолее… на повикот!