Радио Милева мераци за душа

Љубов под облаците: Каролина и Михаил пратија романтична разгледница од Рим (видео)

Љубов под облаците: Каролина и Михаил пратија романтична разгледница од Рим (видео)

Пејачката Каролина Гочева има редовна пракса која е нејзина проверена девиза за добри вибрации, радост и чувство за мерак на душата, а тоа е патување вистинските луѓе.

Овој пат, изборот беше нејзиниот единствен, сопругот Михаил Корубин со кој се решија да ја засилат романтиката во нивниот брак со дестинација која им прави ќеф на двајцата.

Изборот падна на Рим – Италија.

Оттаму пратија видео поздрав на Инстаграм, спакуван од највпечатливите заеднички моменти од прошетките низ Рим под чадор стиснати, на здравица со шампањ, обиколка на музеи, знаменитости…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Насмеани и тргнати во потрага по невиденото и доживеаното, создадоа спомени за паметење од убавиот Рим и покажаа дека во љубовта им цвета, особено кога слободното време знаат да го зачинат со патување и доживување.

Со оглед на тоа дека минатото лето во месец јули беа во Пуља, јасно е дека Италија е нивната омилена дестинација која неуморно ја истражуваат.

фото:Инстаграм принтскрин/Каролина Гочева

To top