Изминатиот викенд во Охрид се одржа 29- тото издание на фестивалот „Охрид Фест- Охридски трубадури“, а негови домаќини беа Марјана Станојковска и Васил Зафирчев, а со тоа, Лото извлекувањето остана без Марјана.
Откако наградната игра Лото на државна лотарија на Македонија започна да се прикажува на Канал 5 телевизија, водителакта Милена Антовска имаше прилика неколкупати да ja менува домаќинката и колешка Марјана Станојковска.
View this post on Instagram
Тоа најчесто се случуваше кога Марјана има некој друг ангажман пред камери кој се емитува во живо или пак кога се летните одмори.
Овој пат, причината беше фестивалот, а Милена како за загревање пред завршувањето на породилното отсуство, застана пред камери.
View this post on Instagram
Облечена во тесен коктел фустан со вискок шлиц, Милена си ја заврши работата како вистински професионалец, а за играчите на Лото Милена беше освежување или можеби поголема среќа со бројките.
-После речиси една година повторно во студио Овој пат на лото во црвен фустан од @butikinfinity за да и парирам на седумката во студиото, напиша Милена.
За потсетување, во една прилика Милена изјави дека не е познато на кој проект ќе се врати пред камерите кога ќе заврши породилното отсуство. Тоа ќе биде набрзо, па за каков проект се одлучиле со одговорите, останува да видиме…
фото:Инстаграм/Марјана Станојковска/Милена Антовска Станковска