Лошиот период е зад неа, а наскоро Наташа Беквалац ќе добие нови доживувања на сите полиња, предвидува нумерологот Владо Кечина.
Тој за „Ало“ открива дека пејачката наскоро ќе ја сретне љубовта на својот живот и во следните две години ќе му роди син.
„Наташа досега поминуваше низ тежок период. Немаше среќа во љубовта, а во работата доживуваше неправда“ вели нумерологот и тврди дека тој лош период е зад неа.
„Гледам дека ќе и се случуваат само убави работи. Се што е лошо ќе остане во минатото. За неа сега ќе почне животот. Гледам дека ќе ја запознае љубовта на својот живот. Иако за претходните мислеше дека тие се нејзина љубов, не е така. Ова ќе биде нејзината вистинска љубов која ќе трае до крајот на животот“ вели Кечина.
Според него од оваа љубов, Наташа ќе роди син.
„Во следните две години, Наташа ќе роди син. Меѓутоа, нејзината бременост нема да биде лесна. Ќе биде многу ризична. Можно е таа да биде болна, па мој совет и е да биде внимателна“ вели Кечина.
Како што вели тој, новиот партнер на Наташа ќе биде моќен, па Беквалац нема да има финансиски проблеми.