Помалку позната по презимето, денес сите ја знаат по незјиниот прекар – атрактивната македонската фолкерка Адријана Ацевска, или Адријана Кеш.
Адријана како и колегите од фелата, нема тезги, седи дома и ги почитува мерките и препораките за заштита од пандемијата со коронавирусот.
Фолкерката стана позната со песната “Кеш кеш“, а сега ги инспирираше следбениците да ја прашаат дали е слаба со „кешот“, додека таа им одговараше на повеќето поставени прашања на Инсатграм.
Сепак, за пејачката во одговорот немаше место за матријалното, а прекарот како прекар…
-Најбитно е да сме здрави и живи…Не е се во парите, нели? одговори таа.
Брза беше и во одговорот на што би направила кога се’ ова ќе заврши?
-Mислам дека цел месец 24/7 ќе пеам, вели Адријана, а кој пее зло не мисли и здрави живи до поубави и побогати времиња!