Децата на познатите секогаш се интересни за јавноста, па нивната популарност задолжително доаѓа уште од самото раѓање.
Лора Турунџиева, ќерката на Сузана Турунџиева и Александар Маленко, пред неколку месеци стана млада мајка, се омажи веднаш по матурата, а тоа дополнително беше привлечено за љубопитните.
Сега нејзиниот свет се врти само околу малиот Јаков, кој веќе е потпораснато бебенце кое е секојдневната животна искра на мама и тато.
Времето брзо лета, па помина точно една година откако Лора и нејзиниот сопруг Филип и официјално стапија во брак.
По тој повод, убавата Лора на својот Инстаграм ги искажа своите емоции кон саканиот.
-Прва годишнина. Ти си мојата љубов, татко на нашиот син, мојата среќа, мојата душа!
За потсетување, Филип ја запроси Лора покрај базен,а многу наскоро по свршувачката тие објавија дека подготвуваат свадба, но и дека чекаат бебе.