Мегафон етно-фјужн фестивал

„Локум-фест“ во Битола

„Локум-фест“ во Битола

Од 18 до 20 јули, односно од овој четврток до сабота, во Битола ќе се одржи 13. издание на балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум-фест“.

Програмата започнува в четврток со дефиле на плоштадот „Магнолија“, па продолжува во старата битолска чаршија со ансамблот „Македонија“ и специјалните гости од Грција – балканската етно-ѕвезда Танос Ставридис и „Дром“.

Меѓу најавените изведувачи е и данскиот музичар со македонско потекло, Бјонко, кој ќе покаже зошто скандинавските земји ја сакаат балканската музика.

 

За сите информации за годинашниот фестивал следете ги фан-страницата и настанот на Фејсбук.

To top