Српската фолк дива Јелена Карлеуша по порно скандалот и прељубничката афера со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш, последниве две недели е во фокусот на вниманието на медиумите, а со тоа и на публиката ширум Балканот и регионот.
Се следи секој нејзин чекор, секој нејзин потег, гест, кажан збор, пост, споделена фотографија… Последното јавно појавување на српската „мала од скандала“ беше на снимањето на најновата епизода од музичкото талент шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Таму се појави со големи темни очила за сонце во една од нејзините омилени „Версаче“ комбинации, који малку, малку, па ги носи на јавните појавувања и настапи во различни варијанти..
Нашата пејачка ѕвезда Викторија Лоба пак има нов двоен албум отпеан на македонски и англиски, па промотивните активности на песните се во полн ек. Освен што е русокоса како неа, Лоба со Карлеуша нема речиси никакви други допирни точки. Или можеби сепак има?
Неееее… С’ краја да е… Далеку е од она што можеби некои помислија дека е! Лоба зад себе нема никаква афера ниту скандал, особено не од таков тип како српската пејачка. Сепак на Карлеуша ако нешто може да и се признае, тоа е вкусот за облекување, кој го има доведено до перфекција.
А, Викторија Лоба деновиве како Карлеуша… Се разбира само во изгледот и имиџот, кога е облекувањето во прашање.
Случајно или не, на Викторија и Јелена им се поклопија комбинациите во изборот на гардеробата, па Версаче дизајнот кај обете доминираше, откако двете се променија ако не во исти, тогаш во многу слични кошули.
Очигледно, Карлеуша и Лоба имаат ист вкус… барем за облекување.
За останатото, кај Карлеуша се виде од приложеното…!