Едната пејачка, другата модна блогерка и инфлуенсерка на социјалните мрежи, но и двете кога е изгледот во прашање за новогодишната вечер, им беше доста сличен.
Имено, Викторија Лоба и Љупка Митрова избраа на себе да имаат ултра впечатлива тоалета со нанижана мониста во вид на реси со кој дополнително ги привлекуваа погледите.
Лоба беше нешто подискретна бидејќи фустанот само ја нагласуваше нејзината витка линија, додека пак Љупка имаше доста сличен фустан, но проѕирен од кој ѕиркаше нејзината долна облека.
View this post on Instagram
Ваквиот изглед не пропуштија да го овековеначат за на социјалните мрежи каде добија доста комплименти на сметка на изгледот, особено девојката на Дарко Спејко чиј фустан го поскаа многу дами.
Која повеќе ви се допаѓа?