Радио Милева нова драма

Љубовниот живот на Тања Савиќ како шпанска серија: Откако пејачката ја призна врската со политичарот, нејзиниот сопруг се заканувал: „Драшко, сешто може да ти се случи“

Љубовниот живот на Тања Савиќ како шпанска серија: Откако пејачката ја призна врската со политичарот, нејзиниот сопруг се заканувал: „Драшко, сешто може да ти се случи“

Пејачката Тања Савиќ гостуваше во емисијата „Премиера викенд специјал“ и отворено зборуваше за нејзиниот приватен живот.

Тања проговори и за тешкиот период низ кој помина поради нејзините деца кога нејзиниот сопруг Душан ги однесе децата без нејзино знаење во Австралија.

-Се уште не сум разведена, тоа е најважно за да го добијам старателството над децата. Ќе биде нелогично таков монструм да биде старател на моите деца. Неодамна мачка го изгреба мојот син, а тој веднаш направи драма дека јас ги малтретирам моите деца и за тоа ги извести медиумите“, вели Тања.

-Пред два дена изразија желба да се слушнат со татко им, јас им дозволив. Тој веднаш бара да се слушне со мене и детето почна да плаче – „Мамо те молам да се смириш со тато“, па си мислам во себе – „дете еден ден ќе сфатиш низ што поминав“. Наметнуваше дека јас сум глупа, грда и дека не сум добра мајка. Неговата мајка постојано велеше дека сум грда жена, да ја избришам шминката за да народот види колку сум грда“, заклучи Тања.

По речиси една година борба, Савиќ успеа да ги врати децата од Австралија во Србија.

-Сега имам прекрасен и мирен период“, вели пејачката.

-Негова опсесија е Тања Савиќ. После се, не ни вреди да го спомнувам. Се омажив на 24 години, бев млада и глупава. Сама таму заминав, сама ги пораснав децата додека тој беше во кафани и пиеше, па покрај децата морав да внимавам и на него“, вели Тања.

Периодов Тања е во центарот на вниманеито и поради нејзината врска со познат политичар. Имено, станува збор за градиначалникот на Бања Лука, Драшко.

-Само реков дека срцето ми е во Бања Лука. Мене ова ми е многу смешно. Кога ми се јави Душан, прво што ме праша: Навистина ли имаш момче? Не можам јавно да зборувам каков разговор имав со своите деца. Би било убаво да дојде во Србија и конечно да одговора за се што ни направи на мене и моите деца. Ќе направам се за добие забрана да влезе во Србија и забрана да ни се приближува на мене и моите деца. Заклучив дека морам да мислам на себе“, вели пејачката.

Веќе некое време се пишува дека Тања Савиќ е во врска со познат политичар, односно со градоначалникот на Бања Лука.

Неодамна, новинарите ја прашаа Тања каде и е момчето, а таа истакна дека знаат каде е.

По признавањето на пејачката за врската со  Драшко, се огласи и нејзиниот се уште законски сопруг кој наводно се заканувал.

-Прашајте го Станивуковиќ: кога ќе ја бакнува мојата жена, дали нејзините усни имаат сладок или горк вкус. Ова е прво и последно обраќање до него. Тања се уште е моја жена. Не сакам нешто случајно да му се случи. Сешто може да се случи во Србија. Неговите родители мора да се горди на неговиот избор на девојка која се уште е во брак“, вели Душан.

Тој вели дека е принуден вака бурно да реагира.

-Ве молам да ме разберете, јас не сум таков човек, ме понижуваат. Искрено, од сė ми е преку глава. Тања е безобразна, нема почит кон себе. Се чувствувам лошо бидејќи ништо не им направив“ заклучи тој.

фото: Дамир Дервишагиќ/  Nikola Anđić/инстаграм/тања савиќ привате/приватна архива/курир.рс/принтскрин/инстаграм/дамир дервишагиќ

To top