Радио Милева

„Љубов со стил“: Елена Стефановска ужива на егзотична дестинција со саканиот (фото)

„Љубов со стил“: Елена Стефановска ужива на егзотична дестинција со саканиот (фото)

Водителката на „Живот со стил“, Елена Стефановска живее  и живот насловен како нејзината емисија.

Како и многу други јавни личности, Стефановска на својот „Инстаграм“ често знае да ги извести следбениците за нејзините активности, ангажмани, нови случувања….

Промоции, рекламирање на брендови, најава за емисија, фотографии од патувања може да се забележат на социјалните мрежи на водителката.

фото: Инстаграм

Кога станува збор за нејзиниот приватен живот, до неодамна Стефановска беше резервирана и не сакаше многу да открива за емотивниот статус.

Меѓутоа, пред некое време Елена на социјалните мрежи сподели неколку фотографии од својот партнер Бојан Најдоски и јавно му го честиташе роденденот.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/elena-stefanovska-voditelkata-na-zivot-so-stil-so-galerija-romantichni-fotografii-za-prvpat-go-pokaza-momcheto-foto/

Тогаш Стефановска првпат го покажа момчето, а сега редовно знае да објави некоја заедничка фотографија.

Во интервју за „Бекстејџ“, Стефановска првпат проговори за партнерот.

„Тогаш кога најмалку очекуваш се случува љубовта. Среќна сум, со Бојан се надополнуваме, имаме разбирање еден за друг и многу ми значи што без проблем го прифати ова што јас го работам и максимално ме поддржува во се“, откри водителката.

Иако, летото и летните одмори завршија, Стефановска деновиве ги спакува куферите и замина на Малта. Ни овој пат, водителката не се штедеше да ги извести следбенците за своето патување и да покаже како ужива и во месец октомври.

фото инстаграм/еленастефановска

Елена откри дека во друштво на нејзиниот партнер ги полни батериите подалеку од гужвата и секојдневието.

фото: инстаграм

 

 

To top