Познатата македонска ТВ водителка на емисијата „Живот со стил“, Елена Стефановска, откако откри кој е мажот што го освои нејзиното срце, редовно покажува дека нивната љубов е се посилна.
Елена заедно со својот партнер Бојан Најдоски и покрај коронавирусот изминатата 2020, а и во Новата 2021 година уживаше на патувањата во: Турција, Хрватска, но и во македонските краеви – Охрид, Маврово…
View this post on Instagram
Стефановска деновиве одмара од секојдневните обврски и снимања, а батериите ги полни на едно од најубавите планински туристички места во регионот – Копаоник.
View this post on Instagram
Профилот на Инстаграм секојдневно го полни со нови фотографии од зимската романса на Копаоник, а дека е хедонист во поим, докажуваат моментите од појадокот, па се до капењето во топол базен на отворено.
View this post on Instagram
Меракот за сите сетила за Елена и Бојан трае од утро до марк, а дека на нивната љубов и нема граници покажува и фотографијата на која не можат да ги скротат страстите и љубовните напливи и додека уживаат во пијачката на снегот.
Љубов на планиана, гласи описот на фотографијата на вљубените гулапчиња.