Поголема група на познати македонски личности меѓу кои: пејачи,водители,стилисти… минатата недела заминаа за Анталија во ТУрција каде веќе порано е почната летната сеозона.
Познатите Македонци беа преку маркетинг соработка со една туристичка агенција и порано го почувствуваа сјајот на летото кое календарски не е тука, но е сосема во ред со температурите таму за плажа и море.
View this post on Instagram
Меѓу пејачите беше и харизматичната Лина Пејовска која редовно го полнеше својот профил на Инстаграм со нови „стори“ и фотографии од авантурата во Анталија.
Овој одмор не ќе беше комплетен без фотографија во костим за капење каде Лина изгледа ултра секси, а моделот открива повеќе од обично.
Иако има многу познати колеги и пријатели таму, Лина најчесто е во друштво на јутјуберот и екс-водител Стефан Лазаров со кој очигледно одлично се надополнуваат со енергиите и карактерите.
Инаку, Лина изминатиот период е доста актуелна кај помладата публика во земјава и регионот со дуетската „Неваљала“ која ја има со траперот Таско.
Барем на неколку дена, Лина и македонската екипа заборавија на корона во Турција, а за доживувањата таму сигурно ќе имаат да раскажат многу.