Промотер

Лина Пејовска ја преработи „Крив си сам“ (АУДИО)

Лина Пејовска ја преработи „Крив си сам“  (АУДИО)

Во 2016 година на своја 14-та година, малечката и талентирана ѕвездичка од Македонија, Лина Пејовска, со својот специфичен глас и талент го освои жирито на музичкото шоу „Пинк ѕвездички“.

Минатата 2018 година таа го освои и жирито во регионалното музичко шоу во Хрватска,  „Ѕвезди – летен хит“. Лани  Лина исто така беше актуелна и со песните на Дарко Димитров „Топло-ладно“ („Одлучи се“ – српска верзија) и макфестовската балада „Нема“.

Младата и атрактивна пејачка деновиве реши да се појави со нова песна, која всушност и не е така нова, зашто се работи за преработката на старата тема од 2010 година на некогашна македонска пејачка Снежана Џеповска, насловена „Крив си сам“.

Автор на музиката и аранжманот на песната е уште еден стар, проверен мајстор на музичкиот занает, композиторот и пејач Роберт Билбилов, додека стиховите ги напишал Раде Врчаковски – Врчак.

За кавер верзијата на „Крив си сам“ на Лина Пејовска, уметничкиот фотограф и режисер Зоран Стојановски – Зонде кој ја правел и нејзината последна фотосесија, направил арт ворк видео, а младата и атрактивна пејачка маестрално ја донела својата изведба на старата тема на Билбилов.

Како звучи кога „Крив си сам“ ја пее Лина Пејовска, слушнете во продолжение: