Бадник и Божиќ се празници за кои сакаме да сме заедно со семејството, а оние што го имаат, дефинитивно се среќни луѓе.
Оние пак, кои изгубиле некоја блиска личност, токму на овие денови чувствуваат голема празнина што таа блиска личност не е покрај нив физички, но во мислите толку многу присутна, што чувствата на тага и радост за Божиќ се измешани.
Таткото на ТВ водителката Лила Филиповска во 2014 година ја избуби битката со опаката болест, а Лила иако имаше полна трпеза и не беше сама за празникот, нејзиниот татко ужсно и недостатигаше, па на својот Инстаграм сподели текст за сите оние кои изгубиле драга личност и во продолжение напиша:
-Недостигаш тато, пишува Лила додавајќи и симбол од скршено срце.
Инаку, таа во една прилика изјави дека нејзиниот татко бил горд што е образована личност и дека најмногу се радувала на заедничките прошетки.