Радио Милева гладен кабаетлија...

Лила за 8-ми Март доби прекрасен букет, арно ама некој и го изџвака подарокот (ФОТО+ВИДЕО)

Лила за 8-ми Март доби прекрасен букет, арно ама некој и го изџвака подарокот (ФОТО+ВИДЕО)

Лила Филиповска не само што е „кралица“ на ТВ екраните туку е и „некрунисана кралица“ на  подароците… Ваквата титула слободно може да и се припише откако стана  „кралица во новата  професија“  – инфлуенсер број еден во Македонија.

Секојдневното рекламирање на разни производи и услуги разбирливо и носи бенефиција да добива и разно-разни многубројни подароци од задоволните клиенти кои ги рекламира.

Сепак, денот на жената е посебен, па затоа и подароците што ќе ги добиете имаат посебно значење, а Лила за 8-ми март подроците не ја заобиколија. Она што ја заобиколи беше среќата да останат во едно парче.

Имено, водителката на „Се или нешто“, доби нешто што е вообичаено за празникот, а сепак прекрасно и преубаво изгледа. Раскошен букет разновидно цвеќе, спакуван во своевидна икебана. Драг подарок од уште подрага личност кој најде видно место во дневната соба на водителката.

Арно ама, Лила ниту на крај памет не претпостави дека цвеќето нема да и се допадне само неа, туку и на некој друг… Само нему не му е до естетика и убавина, туку до јадење, па букетот наместо како украс го доживеал како оброк и… Лила остана со изгрицкан и изџвакан подарок.

Нејзиниот мачор Рагнар му се „с’сна“ на цвеќето, па го изгрицка букетот, онака прописно, како салата за ручек! Дали во букетот имаше нешто што „неодоливо го привлече“ мачорот или водителката заборавила да го нахрани својот куќен миленик, знае само Лила која остана со изџвакан осмомартовски подарок?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

А Рагнар? Барем според споделената  фотографија… Ем кабаетлија, ем к’сметлија што поминал само со гласна „усна опомена“ од газдарицата!

Фото: Инстаграм принтскрин/lilafilipovska

 

 

To top