Лила Стојановска е слободна… „Се’ или нешто“ прави пауза, па водителката слободно може да располага со сопственото време ова лето. Затоа набрзина се спакува, па викендот фати правец – Охрид!
Таму и е лоцирана дружината. Боки 13, Варошлија… и останатата компанија!
Префинета дама како Лила не отседнува било каде, туку тоа мора да е некое отмено место, со добар комодитет, убав поглед и уште подобра услуга… зашто како Лила нема друга!
И откако се и беше погодено и подесено по ред и Лила доби соба со поглед, по напорните работни обврски и дружбата до доцните вечерни часови, дојде време таа малку да се одмори.
И додека Лила мирно ги сонуваше своите утрински сништа, некој друг рано-рани, па откако поранил да стане, решил со песна да си го пие првото утринско кафе… Па и запеа под хотелското пенџере на Лила будејќи ја од сонот.
Сиротата што да прави, што да чини, кога хотелот е исполнет со ем познати, ем весели фаци, па сакала или не, фрли поглед низ прозорец за да го открие и дешифрира веселиот ранобуден песнопоец…
Идентификацијата покажа дека во прашање е младиот српски фолк пејач Никола Роквиќ, кој токму утрото давал кафе – интервју за некоја од нашите телевизии, а патем и запеал песна… под пенџери.
Па, нели Лила бараша соба со поглед… И ја доби! А хотелската тераса, исто така е со поглед… на езеро! А над неа, се погоди и нејзината соба!