Радио Милева убавица за насловница

Лила поседува неодолива еротика: Водителката се сликаше за магазин за здравје и убавина доволно разголена, што слободно може да осамне и на насловна со поинаква содржина (ВИДЕО)

Лила поседува неодолива еротика: Водителката се сликаше за магазин за здравје и убавина доволно разголена, што слободно може да осамне и на насловна со поинаква содржина (ВИДЕО)

Лила Филиповска – една и единствена… Неодолива во секој поглед. Професионално, како веројатно најдобрата и најпопопуларна македонска ТВ водителка, инфлуенсер број еден чиј Инстаграм профил е како приватен билборд полн со реклами и рекламни кампањи на производи, дејности и услуги од најразлични видови и категории.

Приватно, доволно интригантна и загадочна, а во исто време провокативна и привлечна за постојано да ја заинтригира и заинтересира јавноста. Токму затоа и била одбрана како лице кое на крајот на годината ќе ја краси насловницата на еден од ретките, ако не и единствениот магазин кај нас за „здравје и убавина“.

Уметничкиот фотограф Дарио Јанковиќ  – еден од најдобрите спремен како пушка, студиото исто така, а водителката средена да блесне во најдобро светло. Шминка и фризура, седната на барско столче во црвени сандали и црна свилена ноќница порабена  со црна тантела, за божествен секси изглед на македонската „Синдарела“.

Пред промена на сетот уште едно селфи пред огледало на Лила како провокативна „добра вила“… Длабоко деколте од кое како во излог гордо доминираат големите силиконски гради на водителката.

Следната поза сосема поинаква,  но уште повпечатлива и попровокативна, во променет аутфит и ентериер, во кои телевизиската убавица во вас го буди еротскиот ѕвер.

Во куса, подрасоблечена светлокафена бундичка, во седечка поза со ширум раширени нозе, во месо боја боди со карнер и црвени чизми над коленици, Лила буквално ги маѓепса своите следбеници на социјалните мрежи.

Опиени од глетката која буди ерупција од страсти, со еротски набој кој ја поттикнува волшебната игра на сите сетила, водителката го споделила сиот свој телесен раскош како на послужавник во насловницата и фотографиите на магазинското издание за Новогодишниот празник.

Лила уште еднаш покажа дека поседува нескротлива еротика и неодолив сексапил…

Иако се сликаше за магазин за здравје и убавина, фотографиите слободно можат да се искористат и за насловница на магазин со поинаква содржина… За „полни очи радост“ на читателите и Среќна Нова Година!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Фото: Инстаграм принтскрин/lilafilipovska

 

To top