„Златни денови“, една, ако не и единствена културно-естрадна манифестација со која Кратово живее, а младите живеат за тие вечери исполнети со забава, музика, вселба, журка, дружба… И годинава „половина македонска естрада“ им дојде на дружба, па така дел од најголемите наши естрадно-муички ѕвезди свиреа и пееја, ги забавауваа и веселеа не само кратовци, туку и останатите граѓани кои дојдоа од околните градови и населени места.
А, каде што има естрадни настани, мора да има и водител или водителка, а во Кратово кој би бил друг ако не таа – Лила Филиповска, која е речиси три децении во најгледаната национална телевизија со „кратовско“ потекло на сопственоста и капиталот – ТВ Сител.
Лила, како што доликува, во свечена тоалета, поточно долг свечен фустан и сандали, тргна да чекори по кратовските сокаци. Иако сндалите на високи потпетици, македонската ТВ кралица со секој чекор на штиклите, како да ја милуваше секоја вековна кратовска коцка на калдрмата. А калдрма како калдрма, лесно може да ја раздрма секоја која е качена на високо, но не и нејзиното ТВ величество – Лила.
View this post on Instagram
Со суверен чекор небаре е на модна писта а не на кратовската коцка, водителката стигна до сцената, каде се качи по скалите чисто за да ја почувствува атмосферата, па потоа слезе по нив и се разврте неколку пати покрај бината за од сите страни да го покаже кројот на модното парче што го носеше на себе.
И тогаш, во еден момент… За малку што не се случи инциент, кога Лила се сопна па изгуби рамнотежа и само што не се испружи наземи, на мермерните плочки. За среќа, водителката на „Златни днови“ некако остана на здрави нозе.
View this post on Instagram
Така, Лила „на штикли леташе“ по кратовската калдрма, ама затоа на плочките покрај бината за малку ќе ја прекршеше половината!
Поука: Друг пат кога позираш, внимавај како ротираш!
Фото и видео: Инстаграм/lilafilipovska