Лила Филиповска важи за една од најпопуларните и најомилените водителки во македонската јавност, а веќе со години го води и квизот по кој стана препознатлива и кој руши рекорди.
„Се или нешто“ со години е заштитниот знак на Лила, а секој ден некој од натпреварувачите се обидува да го најде милионот.
Лила освен што е активна на ТВ екраните, таа е активна на социјалните мрежи како инфлуенсер и на професионален начин презентира, промовира разни брендови.
Меѓутоа, она што е примарна професија или работа на Лила е токму водителството, а како што вели таа – Работи го она што го сакаш и нема да работиш ниеден ден ”
Филиповска деновиве полнеше 30 години работен стаж, односно 25 години се занимава како ТВ водителка, но дали знаете што работела пред тоа?
Имено, ред да стане позната, Лила пет години работела како медицинска сестра во една здравствена институција.
А потоа го добива и својот прв телевизиски ангажман во „Зимско рекреативната програма“ на МТВ.
Таа својата популарност ја стекна со квизот „Енигма“ нејзиниот прв и омилен квиз, кој беше пандан на квизот што и го одбележа детство, „Квискотека“.
А изминатите 10 години, Лила го води најпопуларниот квиз на Сител, квизот „Се или нешто“ кој една деценија се емитува на ТВ екраните и руши рекорди, а натпреварувачите доаѓаат со надеж дека ќе му земат повеќе пари на банкарот, а некој можеби и милионот.
View this post on Instagram
Деновиве, Лила на својот „Инстаграм“ им се обрати на своите следбеници на кои им се заблагодари на довербата за сите овие години и истакна дека без разлика на се таа ќе продолжи да шири љубов и ентузијазам.
„Не случајно викаат”Работи го она што го сакаш и нема да работиш ниеден ден ” … и така 25 години јас “не работам “ ништо 🤷♀️ Среќа ли е, љубов ли е не знам , само знам дека вистински благослов е да работиш и уживаш во тоа како јас. Поминаа многу емисии, гости , луѓе , разговори а последниве десет години ја најдовме вистинската формула за дружење со гледачите “СЕ ИЛИ НЕШТО” на Сител е вистински феномен кој веќе десетта година ги руши сите рекорди на гледаност. И доаѓаме до главната поента… меѓу многуте кои зборуваат и пишуваат негативности и се обидуваат да ме дискредитираат на овој или оној начин сепак поголем е бројот на оние кои почитуваат која сум и го почитуваат мојот работен стаж од 30 год ( претходно пет години работев како медицинска сестра) секогаш со отворен гард, и со живот сервиран на тацна …. Но мојата непресушна позитивна енергија, ентузијазмот , вољата и поддршката на неколку блиски луѓе и многу непознати кои го држат штитот ми даваат сила за нови продолженија. А јас и понатаму ќе верувам во љубовта, ќе го гледам само доброто кај луѓето и ќе ширам позитива и ќе ве забавувам уште долго долгоооо ако Вие тоа го сакате ❤️ Во тоа име ФАЛА ВИ ДРУГАРИ …. ве сакам“, напишаа таа, а под објавата се нижеа позитивни коментари.
Инаку, таа неодамна го прослави својот роденден и напилни 49 години.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/lila-nema-namera-da-gi-krie-godinite-a-nitu-polnata-soba-torti-i-podaroci-koi-gi-dobi-za-rodendenot-no-eden-epten-ja-pogodi-video/