Промотер Радио Милева природна промена...

Лиде – Лиде има нова песна: Овој пат не е за Венко, по оставката и Лиде го смени – „Шефот“ (ФОТО+ВИДЕО)

Лиде – Лиде има нова песна: Овој пат не е за Венко, по оставката и Лиде го смени – „Шефот“ (ФОТО+ВИДЕО)

Се сеќавате Лидија Гиновска, која на социјалните мрежи е претставена како Лиде – Лиде стана популарна со со своите коментари на објави кај министерот за здравство во оставка, Венко Филипче?

Ако мислевте дека сосема исчезна, сте се излажале. Лиде – Лиде само на момент ја снема, речиси во исто време кога го снема и Филипче. Од пекол хаваријата во модуларната во Тетово, него повеќе не го видовме… Не барем јавно, исто како и Лиде, која нешто пред тоа офанзивата на социјалните мрежи ја замени со песна и видеоспот посветени на, тогаш се’ уште министерот за здравство, денес невидливиот во „лажна“ оставка.

И додека јавноста се’ уште како во „чекајќи го Годо“ чека венко да се појави, да каже нешто за рапидниот пораст заболени и починати во најновиот бран на ковид пандемијата, Лиде на Венко го претекна. Прва се појави во јавноста и тоа со новапесна. Овој пат не е за Венко, зашто по се изгледа по сите случувања и „лажната“ оставка и Лиде го смени – „Шефот“!

Сега само како Лиде-Лиде, реши јавно да ги прозве таквите шефови, па што сака нека биде! Како и обично, без влакна на јазикот, како што самата изјави:

„Текстот се базира на вистинити настани, секоја сличност е намерна. Воедно ќе се препознаат многу шефови со такво однесување“  – порачува Лиде и вели:

„Инспирација за песната беше едно од многуте работни места и раководители. Имаше премногу да се напише,од мобинг до секаков вид малтретирање. Меѓутоа една песна толку дозволува“. Бидете природни со свои мислења и ставови и не се упикувајте на никој. Благодарност до сите што ме поддржувате да не паднам… а другите не знаат поинаку…“ – децидна е Лиде-Лиде, по извлечената поука и искуството почувствувано на свој грб и своја кожа.

Дека била природна,  со свое мислење и свој став – стои… Била отсекогаш. Ама она: „Не се упикувајте на никој…“,  можеби е малку спорно кај неа?!

Зашто осврнувајќи се наназад, колку понуди за средба и кафе имаше „здравствениот во лажна оставка“ од неа… Ама ако! Па, нели на грешките се учиме?

Впрочем, можеби токму и затоа Лиде сега е само Лиде-Лиде и не е повеќе Лиде на Венко… А и кај да е, ако не по оставката, ќе падне сосе Владата, па Лиде ионака секако ќе мораше да ја менува „додавката“ во своето име .

Само нас сега не плаши нешто друго, да не се случи она што некој на социјалните мрежи веќе го предвидел…

Лажната оставка на „здравствениот“ го спаси инфектологот, ама по падот на Владата…?! Туку, за тоа – потоа, сега Лиде-Лиде му се „наврте“ на – „Шефот“, па слушнете и погледнете како:

To top