Лидија Гиновска, која на социјалните мрежи е претставена како Лиде Лиде стана популарна со со своите коментари на објави кај министерот за здравство Венко Филипче.
Таа не испушташе прилика не само да коментира, туку дури и јавно го повика и покани Филипче на кафе, со желба за лична средба со него. Во меѓувреме, Филипче на народот му вети вакцини, а Лиде направи своја емисија на Јутјуб, насловена „На кафе со Лиде“, па вети дека во една од првите гостин ќе и биде токму министерот Венко Филипче!
На почетокот од пандемијата, Лиде Лиде беше редовна со коментари на прес конференциите на министерот, па во една прилика кога тој беше гостин во една емисија запрашан дали ќе има и средба со Лиде Лиде, Филипче одговори дека ќе пијат кафе откако ќе помине корона пандемијата.
Вчерашниот ден, или поточно петочното поладне на 19 март 2021 година беше денот на остварување на големата желба на Лиде, која објави фотографија на социјалните мрежи на која пишува: „Конечно успеав да го сретнам“!
Кога нешто силно посакуваш, Господ ќе се потруди да ти ги „намести коцките“, а доушниците да ти ги сервираат информациите, па така средбата се случила вечера попладне, во едно скопско кафуле, кога Филипче и Мила Царовска решиле да се напијат кафе, а „шпиуните“ и дојавиле на Лиде дека е тука и веднаш да дојде ако сака да го види.
„Другарка ми ми вика тука е, веднаш доаѓај. И реков: „ Абе како, сега ли, воопшто не сум средена.“ Но, шансата не се пропушта. На брзина облеков хеланки, блуза, ставив и маска. Влегов во кафулето, седнав и го гледам од страна. Тој седеше со Царовска и нешто си правеа муабет. И реков на другарка ми дека дека нема да му пријдам бидејќи имам трема. Но, таа ме охрабри, ми рече не само да му пријдам туку и да побарам да се сликам. Јас се колебав, навистина многу, ми беше непријатно. Абе трема имав многу. Лелеее… Сепак, ја ставив маската „Лиде и Венко“ и пријдов“ – раскажа детално и искрено Лиде за ММС.
„Господине министре, да ви кажам само дека ја имате мојата целокупна поддршка уште од почетоткот. Јас сум Лиде Лиде“ – му се преставила таа на Филипче.
„ Кога го кажав ова, Царовска падна од смеење. А и тој почна да се смее. А мене! Мене ми се тресеа рацете. Го прашав дали може да се сликам и тој рече: „Ајде може слефи“. Ама јас не можев да го наместам телефонот од што ми се тресеа рацете. Не можев да ја најдам камерата. Едвај направив две селфи, но ги направив матни од што ми се тресеа рацете. Целата бев збркана, а не можев да го погледнам од трема. А тој ме гледа и се смее. Се изнервирав, му реков- може ли другарка ми да не слика и тој се согласи. Потоа, секако дека го прашав дали може да ја објавам сликата на Фејсбук, му реков: „Сепак, да не ви направам проблем“. И тој ми дозволи. Ми рече: „Само сликање сега, кафе другпат“. И толку беше, они си доправија муабет и си заминаа“ – возбудено ја раскажала средбата Лиде.
Лиде Лиде си ја оставри целта, ама само половично. Го запозна Филипче, ама министерот, дамата кафе не ја почести! Наместо кафе, Лиде од Филипче доби едвај селфи. И таа, како и народот – извиси!
Кафето на Лиде и вакцините за сите нас – ќе почекаат… Зашто со Филипче, очигледно може само… „да се сликаме“! И тоа матно!
Фото: Фејсбук/Јујуб принтскрин