Милан Топаловиќ Топалко со години е во брак со сопругата Весна, која исто така е пејачка, а Хелена Топаловиќ е родена како плод на нивната љубов.
И додека за Хелена се шпекулира дека е вистинска убавица, многумина ја запоставија нејзината мајка. Според Топалко, Хелена ја наследила убавината од нејзината мајка Весна.
Весна е активна на социјалните мрежи, а сега сите забележаа како нејзиното лице е целосно испеглано на сликите, толку што на него не се гледа ниту една брчка.
На објавите таа изгледа како девојка, позира во скап автомобил, поради што коментарите само се редеа.
„Што и се случи на Весна“, „Што му направи на лицето“, „Гледај ја мајката, бирај ја ќерката“, беа само дел од коментарите.
View this post on Instagram
Да потсетиме, ќерката на пејачот Милан Топаловиќ Топалка, Хелена, во септември минатата година се омажи за својот избраник Драган Алексиќ, поранешен сопруг на водителката Јелена Димитријевиќ.
Како што се пишуваше, сопругот на Хелена е бизнисмен кој поседува дваесеткатница во Дубаи.
Фото: Принтскрин/Инстаграм