Еден од најистакнатите македонски бендови „Либеро бенд“ најавува промоција на нивното најново музичко остварување, песната која го носи насловот „Ангел“, а за која е снимен и видео запис. Промоцијата ќе се одржи во четврток (23.03.2023) во Ресторан „Дион Центар“ со почеток од 12 часот.
Оваа песна е моќна и емотивна, онаква каква што нивните фанови и очекуваат од нив. А тимот кој победува не се менува. Новата композиција на „Либеро бенд“ е дело на авторскиот тим Магдалена и Лазар Цветковски, а зад видео записот се потпишува Даниел Јовески.
„Оваа песна ја чекаме и работиме повеќе од една година, ова е еден од нашите најквалитетни проекти. Многу енергија и труд вложивме во истото. Конечно имаме нешто кое ќе вреди за сите овие изминати 11 години од нашето постоење и веруваме дека во неа ќе се пронајдат сите генерации. Бројот 3 има симболично значење во видео записот, а за што точно станува збор ќе откриеме на нашата промоција во четврток“ – вели фронтменот Иван Јованов.
Момчињата од „Либеро бенд“ велат дека не сакаат да се ограничуваат во однос на жанровите, но она што е важно за нив е дека сакаат да создаваат музика во која слушателите би уживале. Песната „Ангел“ е нивно 11-то авторско дело и е само предвесник на сето она што следува од нив во наредниот период. Во интервју за ТВ магзинот „Бекстејџ“ ги открија сите детали за промоцијата во видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):