По „Моја “ и „Најмила“, момчињата од „Либеро бенд“ деновиве ја промовираа и најновата песна насловена „1001“, која членовите на групата ја промовираа заедно со интересен летен видеоспот.
Со објавувањето на оваа песна, тие го најавија и стартот на новиот проект кој ќе содржи неколку песни и спотови во низа, поврзани на начин кој ќе се открива дел по дел, односно како што ќе тече промоцијата на новитетите.
Проектот веќе и официјално стартуваше со промоција на новата песна, прва од низата, певлива, летна, со модерен ритам, зад која се потпишуваат Слаткаристика и Дејан Стојановиќ – текст, музиката е на Дејан Стојановиќ, а миксот и мастерот на Иван Јованов – Ивајо.
Спотот го изработи Даниел Јовески, снимен е во Охрид со посебна техника за снимање, кај нас малку позната, техника која уште повеќе дава уникатна димензија на самото видео и целиот проект, кој во конкретниов случај потсетува на приказната за Гуливер и Лилипутанците.
Како звучи и изгледа најновото од „Либеро бенд“, дознајте во продолжение.