Дани Димитровска деновове направи голема промоција на својот најнов албум со наслов „Град за љубов”, на кој работеше долго време, но и со причина.
Дани и нејзиниот тим на чело со Весна Малинова направија музика создадена со душа, позитивина енергија и музика со многу љубов.
На него се најдоа осум композиции, од кои веќе неколку познати на публиката и неколку нови.
На прмоцијата беше претставено и видеото за новата „Лево десно“, снимено во центарот на Скопје.
Погледнете и слушнете како звучи и изгледа Дани во едно поинакво музичко светло, џезерско, модерно и урбано:
https://www.youtube.com/watch?v=Xh0thB_tKt0