Радио Милева
Во нејзин стил

Летото доаѓа при крај, а Каролина Гочева за сефте во бикини (фото)

Летото доаѓа при крај, а Каролина Гочева за сефте во бикини (фото)

Откако ја прележа короната, Каролина Гочева се фрли на работа ама и на уживање.

Деновиве таа ја објави својата нова песна „Од небо до дно“ која наедно е камбек на поп сцената, но и нејзино деби како автор на музика.

Оттука, нејзиниот профил на Инстаграм и Фејсбук редовно има нови објави, па Каролинче како по обичај кога има нешто ново на музички план, знае да фрли мамка до публиката и да зачини и со објави со по нешто од приватноста.

Во месец јули беше на одмор со сопругот во Италија, а сега повторно ги спакува куферите и замина заедно со своите најсанани принцези, внуките Луција и Инес и нивната мајка, односно сестрата Сандра.

Дестинацијата им беше Сплит во Хрватска од каде објави серија фотографии.

На повеќето се внуките, а на една пејачката позира во кафено бикини и тоа сефте ваква објава за лето 2022-ро.

Ако нејзините колешки „растурија“ со разголени објави во танга бикини на плажа, Керол така скромна со шеширчето на глава и без многу провокација од која ќе го потенцитра сексапилот, реши една да објави колку да помине да на редот.

-Уште една Хрватска со мои Јерчиќи…едвај чекам следна година пак! –пишува во описот.

Летото е при крај, а до следната бикини фотка од Каролина ќе треба да дојде другото лето или можеби и следното потоа. Приватната архива сигурно крие многу повеќе, но тоа останува само за оние привилегираните од потесниот круг.

фото:Инстаграм принтскрин/Каролина Гочева

Останати вести од Радио Милева