Мегафон

Летна шема: „Бекстејџ“ цело лето во живо од дојранските плажи

Летна шема: „Бекстејџ“ цело лето во живо од дојранските плажи

Летото започна, а со него и летните забавни и неформални програми на македонскитетелевизии. Најгледаниот естраден магазин кај нас – Бекстејџ ја привршува својата тринаесетта
сезона со стандардна летна шема во живо. Ова лето Бекстејџ ќе не информира од плажите во се поатрактивниот македонски туристички центар Дојран, кој најавува богата музичка и
концертна сезона. За прв пат Бекстејџ својата телевизиска екипа ја сели на Дојранското езеро, затоа што токму таму ова лето, ќе биде центарот на случувањата како што велат…

– Немавме друг избор – вели уредничката Ева Јакимовска. Бекстејџ не мирува, а ова лето Дојран е најатрактивна дестинација за естраден магазин како нас. До сега летната шема ја теравме од Охрид, но ова лето ќе бидеме на Дојранските плажи. Д Фестивал се враќа во полн сјај, се подготвува за прв пат нов фестивал Дојран Рок фест, а новиот балкански Мандра фестивал во Дојран ќе ги донесе големите ѕвезди од нашето соседство.. Бекстејџ веќе ја завршува тринаесеттата година како секојдневно без прекин ја анимира македонската јавност, па по Дојран најавуваме веднаш и старт на
новата читиринаесетта сезона, што го прави Бекстејџ единствен естраден магазин со најдолга традиција – вели Јакимовска.

Покрај стандардниот новинарски тим кој секојдневно ги презентира најинтересните моменти на естрадата, од Дојран ова лето во улога на водител ќе се јавува и младата и атрактивна Анѓела Јакимовска, кое е новото заштитно лице на најгледаниот магазин. Анѓела е Miss Europe и Miss Globe за 2020 година и Miss Tourism of the world за 2021 година.

Летната шема на Бекстејџ ќе ја гледаме секој ден од Дојран во 16.15 премиерно и репризно во 22.15 на Телевизија Телма. Долготот топло лето дефинитивно ќе биде поинтересно со најинтересните
соддржини од зад сцената…

To top