Радио Милева

„Летај мој галебе“ – Адријана Алачки со емотивна порака се прости од Оливер Драгојевиќ!

„Летај мој галебе“ – Адријана Алачки со емотивна порака се прости од Оливер Драгојевиќ!

Легендарниот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ по тешко боледување вчера почина во болница во Сплит. На пејачот пред една година му беше откриен рак на белите дробови.

Ни до последниот момент тој не се предаваше, па кон крајот на претходната година успеа да ги одржи и последните концерти.

Тој во една прилика истакна дека некогаш знае да седне по цел ден да свири, така се релаксирал.

Неговите колеги од хрватската и српска естрада се простуваат со легенда и немаат утешни зборови за загубата.

Нина Бадриќ

Јелена Розга

Масимо Савиќ

Лепа Брена

Саша Матиќ

Освен колегите од Србија и Хрватска, со пејачот се простија и неговите колеги, пријатели од Македонија.

Македонската водителка, пејачка, Адријана Алачки на својот Фејсбук профил сподели фотографија со Драгојевиќ, а во описот му посвети емотивна порака.

„Се започнуваше и завршуваше со неговите песни, љубовни средби, семејни, родендени. И после неколку чаши вино се бараа неговите познати рефрени. И кога се плачеше се плачеше со неговите текстови, така машки да се исплачеш. Секаде беше тој, сведок на средби, разделби, во сите домови. Во сите уши…во сите грла.Значи тој секогаш ќе остане и ќе биде тука. Затоа следните генерации нека разберат дека по делата се препознава и се памети човекот…Летај мој галебе, напиша Алачки на својот Фејсбук.

Покрај Алачки, од Драгојевиќ се простија и други македонски јавни личности.

Елена Велевска

Kалиопи Букле

Антониа Гиговска

Joце Панов

Огнен Здравкоски

Тамара Тодевска

Почивај во мир драг Оливере

Оливер ќе остане запаметен по неговите хитови и прекрасни балади „Цесарица“, „А кад ми доѓеш ти“, „Без тебе“, „Траг у бескрају“.

Останати вести од Радио Милева