На 26 јуни ќе се одржи финалето на „Ѕвездите на Гранд“ кое трае две години поради пандемијата со коронавирусот.
Саша Поповиќ најави дека од септември ќе има нов концепт и нови правила. Иако често се шпекулираше кој ќе остане во жирито, Саша Поповиќ сега откри кој ќе седи на столчињата следната сезона.
„Не се менува ништо. Колку што знам нема да има промени“, изјави тој и додава:
„Можеби некој од жирито ќе каже не сакам да учествувам во следната сезона, па лесно ќе направиме замена. Но, колку што јас знам и разговарав со нив, останува се како што беше досега. Ова е најсилното жири“, изјави Поповиќ.
Инаку, како што изјави Марија Шерифовиќ, по завршувањето на финалето тие ќе имаат состанок со Поповиќ, па потоа ќе се знае дали ќе остане во следната сезона