Пејачката Лепа Брена проговори за вакцинацијата против коронавирусот и откри дека се вакцинирала поради себе и луѓето околу себе.
Пејачката примаше вакцина, а потоа се и ревакцинираше.
„Сите во мојата куќа се вакцинираа, дури и оние кои работат за нас. Секој има право да одлучи што ќе прави. Сакам да ги прегрнам оние кои ги сакам“, вели Брена.
Брена по вакцината направила антитела, а резултатот бил 18 000.
Инаку, како што откри на социјалните мрежи, пејачката по една годишна пауза за своите фанови подготвува нешто специјално, односно старите песни ги преработува во нови аранжмани.