Откако започна пандемијата со коронавирусот, пејачката Лепа Брена постојано е надвор од Белград и на разни патувања.
Периодов, Брена е во Дубаи од каде што ги почести своите фанови со фотографии од своето заносно тело.
Пејачката позираше на јахта во едноделен розов костим за капење, а во прв план се нејзините долги и витки нозе.
Познато е дека Брена важи за една од најзгодните дами на српската јавна сцена, а сега уште еднаш го оправда овој епитет.
Инаку, во октомври претходната година Брена го прослави својот 60ти роденден.