Радио Милева „стара кока“ на нова јахта...

Лепа Брена во бикини и во седмата деценија плени со сексапил: Долги нозе за танцување, а Бога ми и за… гледање (ФОТО)

Лепа Брена во бикини и во седмата деценија плени со сексапил: Долги нозе за танцување, а Бога ми и за… гледање (ФОТО)

Пејачката Лепа Брена се одмора во Црна Гора,од каде за своите фанови на Инстаграм сподели фотографии од летниот одмор и го покажа извајаното тело и сиот свој сексапил иако е влезена во седмата деценија.

Имено, Брена позираше легната на луксузната јахта во бикини каде најмногу до израз дојдоа долгите нозе на пејачката, како и затегнатиот стомак. Многумина беа изненадени што фолк дивата изгледа вака згодна, па коментираа дека на нејзината фигура можат да и позавидат и многу од помладите колешки.

„Море … Радосни мугри и неизвесен самрак“, напишала таа во описот на фотографијата, додека коментарите само се редеа.

Покрај тоа, Брена ја покажа новата луксузна јахта за која наводно таа и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ ја платиле околу 6.000.000 ( шест милиони) евра.

Фото: Инстаграм принтскрин/lepabrenaa

 

To top