Помалиот син на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ беше во врска со Сандра Миљковиќ.
Иако многумина очекуваа свадбена ѕвона, како што пишуваат медиумите, парот раскинал, а наводно Виктор има нова девојка.
Како што пишуваат медиумите, наводно Виктор и Сандра раскинале бидејќи Сандра и Брена се поткачиле на нивниот одмор во Дубаи.
Имено, како што тврди извор за ало.рс главна причина за нивното раскинување е Лепа Брена која не можела да помине преку дружењета на Сандра со одредени луѓе.
-Во почетокот се беше идеално и како во бајка, Сандра со семејството Живојиновиќ патуваше на разни дестинации, ја носеа во Мајами, ја шминкаше Брена, а потоа дратично се промени поради нејзиното дружење со Ивана, поранешната сопруга на еден од најпознатите рапери и реалити учесници“, вели близок на извор на Сандра и додава:
-Oтогаш Ивана беше под притисок на медиумите, а со и Сандра која и е најдобра пријателка. Се појавуваат заедно и со останатите членови на реалното шоу и тоа на Брена и пречеше, па почна да и префрлува поради потезите на Сандра и да и забележува за најситни детали бидејќи целото семејство води грижа каков впечаток остава во јавноста и не сака да се поврзува со скандалите. Ова доведе до крај на врската на Сандра и Виктор бидејќи Миљковиќ не можеше да го издржи тој притисок и наметнувањето на туѓото мислење“, вели извор за ало.рс
За потсетување, по раскинувањето со Сандра, Виктор некое време беше сам, а потоа медиумите пишуваа дека наводно е во врска со пејачката Лена Чолак.
Ниту Сандра ниту Виктор не се огласија по повод овие пишувања.
фото: е сток/ало.рс/стефан стојановиќ/инстаграм/лепа брена