Радио Милева
златни конци...

Лепа Брена влезе во необичен бизнис: Долги нозе за гледање, шетање, играње, а Бога ми и за… кревање (ФОТО)

Лепа Брена влезе во необичен бизнис: Долги нозе за гледање, шетање, играње, а Бога ми и за… кревање (ФОТО)

Откако Лепа Брена и Саша Поповиќ во 2019 година ја продадоа „Гранд продукција“ за 30 милиони евра, пејачката реши да започне сопствен бизнис. Ѕвездата на поранешна Југославија реши да вложи пари во нов бизнис, и тоа солидна сума од 300.000 евра. Иако долго време го најавуваше овој проект и не сакаше да каже за што точно се работи, медиумите сепак дознаа дека се работи за бизнис со женски чорапи.

Пејачката сега тоа го потврди, но не откри детали. Сепак, како што се дознава, чорапите кои ќе го носат потписот на Лепа Брена ќе бидат сè само не обични. По бројните средби со луѓе и партнери од оваа гранка на модната индустрија, таа дизајнираше чорапи и хулахопки кои нема да содржат ништо помалку од златни наночестички и хијалуронска киселина.

„Брена ја подготвува својата линија на чорапи повеќе од две години. Во целата оваа приказна вложила 300.000 евра. И покрај тоа што требаше да почне продажбата, таа не сакаше нејзиниот производ да биде пуштен во промет додека сè не биде врвно. Сега таа формула е усовршена во соработка со најголемите стручњаци во оваа област, така што во октомври или ноември жените ќе можат да ги купат овие чорапи. Тие ќе бидат достапни во сите големини и за жени од сите возрасти. Она што е интересно е што тие чорапи визуелно ќе направат личноста која ги носи да изгледа послаба отколку што е“ – вели извор близок до пејачката, додавајќи:

„Ова е навистина револуционерен производ на нашиот пазар. Тие чорапи ќе содржат златни наночестички и хијалуронска киселина, кои дополнително ќе се грижат за женските нозе и стопала. Ќе ги прикриат сите недостатоци, и ќе го истакнат  најдоброто на женските нозе. Нејзината линија се произведува во фабрика во Италија од најквалитетните конци кои доаѓаат од Шпанија. Таа планира да отвори и неколку продавници во Белград и регионот. Логично, Брена ќе биде најдобриот модел за нејзините производи, што не е чудно кога токму нејзините чорапи беа едни од главните парчиња облека на сцената“ – заклучува изворот.

После ова дамите ќе имаат многукратна причина повеќе своите  нозе да ги променат во чорашите од моделите на Брена. Долги нозе за шетање, играње, гледање… а Бога ми и за кревање!

Фото: Shutterstock/Профимедиа/Соња Спасиќ/Дамир Дервишагиќ/Инстаграм принтскрин-lepabrenaa

Останати вести од Радио Милева