Лепа Брена важи за една од најголемите музички ѕвезди во регионот, но и една од најдобро стилизираните.
За неа, годините се само бројка, па колку е постара толку подобро изгледа.
Брена ги диктира и модните трендови во некоја прилика, па за неа може слободно да се каже дека секогаш е во тренд со модата, шминката, облекувањето.
Кога ќе помислите дека нема повеќе со што да изненади, тогаш таа ги разубедува сите и повторно се надминува самата себе.
Пејачката откако започна короната беше надвор од Србија и заедно со сопругот уживаше на егозтични патувања.
Меѓутоа, деновиве таа е во Белград и пристуствуваше на новогодишно снимање на емисијата „Ѕвезде Гранда Специјал“.
За оваа прилика, Брена облече црвен фустан кој ја истакна нејзината витка фигура и долгите затегнати нозе.
Тука е и новата фризура за која нејзините фанови коментираат дека одлично и стои.