Радио Милева
цена на славата

Лепа Брена проговори за своите стравови и фобии: „Сакав да избегам од сите, дури и од самата себе, па се криев заклучена во тоалет“

Лепа Брена проговори за своите стравови и фобии: „Сакав да избегам од сите, дури и од самата себе, па се криев заклучена во тоалет“

Фолк sвездата Лепа Брена е на сцената од 1980 година, кога беше во групата „Слатки грев“, со чии членови настапуваше цели десет години насекаде по бившите ЈУ простори и Балканот. Сепак, таа вели  дека имало и моменти кога сакала да избега од сите, па и од самата себе си ако може. Сакала да им избега на обожавателите кои сакале „парче“ од омилената пејачка за себе.

„Кога сакав да избегам некаде за време на паузите додека траеја настапите, ако немаше каде да бидам сама, одев да се заклучам во тоалет и таму само онака да седам“ – ​​признава Брена и додава:

Седев по магацини на гајби, по тоалети, и се криев во лифтови. Тоа беше таков неиздржлив притисок. Луѓето сакаат да ве гледаат. Не е важно дали тие ќе разговараат со вас, туку едноставно зјапаат во вас, и „зјапаат“… а тоа едноставно ви ја црпи, ви ја цица енергијата. Себе си се подарив на публиката во првите десет години. Не жалам, но всето тоа лудило многу е тешко да останеш свој. Кога ти треба осаменост, мора да се повлечете“ –  ќе рече Лепа Брена.

Останати вести од Радио Милева