Неприкосновената балканска ѕвезда Лепа Брена изминатата сабота одржа спектакуларен концерт пред македонската публика во Арена „Борис Трајковски“ во Скопје.
Како вистински професионалец таа пред неколку илјадната публика понуди концертен концепт како оној во Белград со впечатлива сценографија, костимографија, таначари…
Иако кај Брена ништо не поминува непланирано и има човек за сè во нејзиниот тим, кога станува збор шминката, таа без резерва довербата му ја препушти на македонскиот стилист Зоран Шурбевски.
View this post on Instagram
Тој на социјалните мрежи објави заедничка фотографија со музичката ѕвезда која ја нашминкал со нежна и дискретна шминка.
Нејзината насмевка говори дека е задоволна од резултатот и секако препораката.
Инаку, Зоран Шурбевски е еден од најдобрите шминкери кој редовно се грижи на изгледот на многу наши познати Македонки меѓу кои: Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Дани Димитровска, Миа Костова, Викторија Лоба и многу други.
фото:инстаграм