Радио Милева измама

Лепа Брена поднесе пријава: Ликот на пејачката искористен за рекламирање на производ кој таа не го користела

Лепа Брена поднесе пријава: Ликот на пејачката искористен за рекламирање на производ кој таа не го користела

Пејачката Лепа Брена со соопштение на Инстаграм се огласи дека нејзиниот лик бил искористен за рекламирање на производ кој таа не го користи.

Пејачката се огласи и ги предупреди своите следбеници да не го користат производот бидејќи таа не го рекламира и дека нема никаква соработка со фирмата.

„Почитувани следбеници, сакам да ве известам дека во јавноста се рекламира производ кој без моја дозвола го користи мојот лик, прикажуваат интервјуа кои никогаш не сум ги дала и рекламираат производ кој никогаш не сум го користела. Затоа во предупредувам дека со тој производ никогаш не сум се лекувала. Поради лажно рекламирање ќе ги преземам сите правни санкции. Ве сака Вашата Брена“, напиша на Инстаграм

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

фото: е сток

To top