Лепа Брена се потсети на деновите кога соработуваше со Никола Симиќ на нејзиниот филм „Хајде да се волимо“.
Меѓутоа, никој не знае дека Никола ја научил пејачката една работа која и служи по 33 години.
„Јас научив како да се одморам за 15 минути. Ми треба мир, апсолутна тишина, ги затварам очите, како да медитирам. Се околу мене е исклучено. Да нема електромагнетни зрачења. Го исклучувам мозокот, легнувам и не размислувам. Ги фрлам мислите. Прв кој ме воведе во медитација беше покојниот Никола Симиќ кога го снимавме филмот „Хајде да се волимо“ вели Брена.
„Додека сите на пауза излегуваа да пушат и да пијат, Никола Симиќ седеше во јога поза и молчеше. И кога ќе завршеше тоа, тој е смирен. Јас го прашав: „Никола, а што правиш? Тој ми одговор: „Јас медитирам“. Го прашав што, како и тој ми објасни“ вели фолк пејачката.
За потсетување, Никола почина на 9 ноември 2014 година. Тој беше театарски, телевизиски и филмски актер.