Радио Милева

Лепа Брена откри непознати детали од врската со Боба: „Ме запроси мртов пијан“

Лепа Брена откри непознати детали од врската со Боба: „Ме запроси мртов пијан“

Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ се повеќе од 20 години во брак, а фолк пејачката открива дека на нејзиниот сопруг му требало жесток пијалок за да ја запроси.

Некогашниот најдобар тенисер имал ужасна трема кога требало да ја побара раката на Брена од нејзиниот татко. Таа открива дека Боба бил мртов пијан кога одлучил да оди кај нејзиниот татко и да ја побара за жена.

фото: инстаграм/лепабрена

„Боба сакаше да се венчаме. Јас имав само еден услов, да ме запроси по старите обичаи, но тој не го исполни тоа бидејќи имаше огромна трема. Се најдовме на музички фестивал во Германија. Бобан за да ја намали тремата, испи пола шише алкохол, а потоа ја побара раката од татко ми. Кога Боба ме запроси, татко ми само кажа: „Деца, нека ви е со среќа“. Подоцна, кога го прашав татко ми зошто не направи онака како што му кажав тој ми одоговори: „Ќерко, долго време да одовлегувате врска, па мислам дека никогаш нема да се омажиш“, изјави Брена во 90тите.

Таа уште тогаш знаела дека никогаш нема да се разведе од Боба, па нејзината претпоставка излезе како точна.

фото: инстаграм/лепабрена

Брена тогаш истакна дека ништо не е и поважно од бракот, па дека нејзиниот сорпуг треба да направи нешто ужасно за да го остави.

„Семејството за мене е нешто свето. Така е од првиот ден на бракот. Никогаш не би се развела, освен ако дознам дека Боба не ме сака и не почитува. И двајцата сме силни личности, па започна прилагодувањето. Сфативме дека не можеме еден без друг. За жал, тоа наше прилагодување го следија и медиумите бидејќи стнаува збор за две познати личности. Се трудевме да бидеме одговорни и да се сакаме. Не ни беше лесно“, вели фолк ѕвездата.

 

 

To top