Радио Милева сочувство и жалење

Лепа Брена објави важно соопштение: „Од почит кон настраданите деца ве известувам дека прекинувам“

Лепа Брена објави важно соопштение: „Од почит кон настраданите деца ве известувам дека прекинувам“

Несреќните настани во Србија длабоко го потресоа регионот. Поради бруталните убиства, естрадните уметници ги откажаа своите настапи низ земјата и регионот, меѓу кои и Лепа Брена.

Пејачката на својот Инстаграм профил објави дека ќе ги прекине настапите до понатамошно известување поради повредените и настраданите деца и изрази жалење и сочувство до семејствата.

– Од почит кон жртвите и семејствата на повредените деца, ве известувам дека настапот за викендот во Германија е откажан. Наскоро ќе биде објавен нов датум за изведба. Тоа е најмалку што можеме да направиме во овој тежок, трагичен момент. Уште еднаш, нашето најискрено сочувство до семејствата на жртвите, пишува Брена.

фото:Инстаграм принтскрин/Лепа Брена

To top