Радио Милева нејзината ѕвезда била посјајна

Лепа Брена никогаш нема да си прости за она што му го направи на брата си

Лепа Брена никогаш нема да си прости за она што му го направи на брата си

Исклучително талентираниот и вреден брат на Лепа Брена, Фарук Јахиќ немаше среќа да стане мега ѕвезда како неговата сестра.

Фарук има глас наславеј, за жал, во неговата надареност можеше да се увери само мал круг луѓе до пред неколку години.

Пред седум години се појави во емисијата „Никад није касно“, беше еден од натпреварувачите, а од публиката го бодреше никој друг освен неговата сестра.

Во еден момент, братот и сестрата дури пееја заедно на сцената, а подоцна објаснија зошто Брена никогаш не му помогнала на својот брат во неговата кариера.

– Ќе имаше премногу Јахиќ во шоуто, а тоа и го оставив на сестра ми која знаеше подобро да го искаже – хумористично рече Фарук тогаш, на што Брена се надоврза дека се чувствува малку виновна што не направила нешто во врска со тоа.

Спој на околности, невнимание, недоволна желба сите заедно го наведоа братот на Лепа Брена да почне да се занимава со нешто друго, а музиката остана негово тивко страдање.

На сите семејни веселби, пак, сака да го користи микрофонот, кој ги радува гостите бидејќи тоа го прави со многу топлина во гласот, што би се рекло од срце.

Со оглед на тоа што Фарук не снимил песна или албум цели седум години, се верува дека тој сметал дека е предоцна за нови професионални почетоци.

фото:Принтскрин Инстаграм/Јутјуб

To top