„Каде што има чад има и оган“ – се шпекулираше во средината на осумдесеттите… „Има некоја тајна врска“, како што пееше неговото „Бијело дугме“. Сепак остана вечна мистерија дали Горан Бреговиќ и Лепа Брена, апсолутно двте најголеме југословенски ѕвезди, едната рок другата фолк, биле во тајна врска? Нешто што многу ја заинтригираа тогашната јавност и медиумскиот свет, а сепак никогаш не се разоткри.
И двајцата внимателно го криеја својот приватен живот од љубопитните погледи, што не беше лесно бидејќи беа енормно популарни. Сепак, низ весниците кружеа заеднички фотографии, иако може да се протолкуваат како чисто пријателски. Минатата година, загрепскиот „Јутарњи лист“ наиде на една снимена во летото 1984 година. Создадена е на изолираниот мал остров Шќедро, во близина на Хвар. Насмеани и опуштени. Но дали и заљубени?
„Брена и Брега видени на јахта“ беа насловите кои ги натераа луѓето да се соберат по киосците. Според сведоците, тој брод стигнал до осамениот остров. А соседите на познатата пејачка, која тогаш живеела во Нови Сад, раскажуваат дека често во нејзиниот крај гледале маж кој личи на Бреговиќ и секогаш доаѓал со полни раце цвеќе и подароци.
Што беше, беше, ако воопшто било. Двајцата денес се во коректни и пријателски односи. Брега во 1993 година и го кажа судбоносното „да“ во Париз на Џенана Суџука, со која е во среќен брак и има три ќерки. Брена пред три децении се омажи за тенисерот Слободан – Боба Живојиновиќ, љубовна приказна која ги надмина сите искушенија, предизвици и озборувања.
Фото: Приватна архива/lepabrenaa/goran_bregovic_official